Рајн Некар и Кобург победија, Талески и Нелоски без гол

Тандемот на Металург и на јуниорската репрезентација која заврши на 6. место на СП во Алжир, Талески-Нелоски оваа сезона игра во Германија, а вечерва и двајцата имаа натпревари со своите тимови во кои забележаа победи.

Рајн Некар иако в недела има меч од Лигата на шампионите против Барселона одигра дуел против Гумерсбах на кој како гостин стигна до победа од 29:26. На оваа средба Талески немаше погодоци.

Нелоски, пак, дебитираше за Кобург, а остана без голови од два шута. Неговиот тим на домашен терен го совлада Балинген со 32:25.