Рајн Некар го потврди трансферот: Филип Талески станува „лав“

Германскиот првак Рајн Некар Ловен го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Филип Талески на својот веб-сајт. Левиот бек на Металург потпиша тригодишен договор со „лавовите“ со важност од летото 2018 до 2021 година.

„Секој млад ракометар сонува да игра во Бундес Лигата, а Рајн Некар не е само меѓу најдобрите во Германија, туку и меѓу најдобрите во Европа, па немав дилеми околу изборот.“ – изјави Талески, кој сезонава веќе постигна 38 голови во Лигата на шампионите за Металург.

„Задоволни сме што Филип го одбра Рајн Некар. Тој е голем талент и сакаше да го направи следниот чекор во кариерата со нас.“ – изјави спортскиот директор на Рајн Некар, Оливер Рогиш.

„Талески е иднината на Рајн Некар, а дали ќе ни се придружи пред летото 2018 година, ќе видиме, се уште сме во преговори со Металург.“ – велат од Рајн Некар.