Рајн Некар го победи Мелсунген, Талески погоди за прво водство на својот тим

Екипата на Рајн Некар Левен имаше тежок дуел во рамките на 30. коло од Бундеслигата. Тимот од Мајхајм му гостуваше на солидниот Мелсунген и успеа да го победи и тоа со голем пресврт бидејќи имаше негатива цели 37 минути. На крај резултатот гласеше 26:23, а Филип Талески даде еден гол кој беше многу важен за неговиот тим.

Мелсунген има амбиции да завери пласман во Купот на ЕХФ, па оттаму од самиот старт започна да притиска во обид да ја добие средбата. Одлично започна и по првите шест минути имаше високи 5:1. Кон средината на првиот дел, Рајн Некар Левен започна да ја топи негативата и на полувреме се замина со резултат 13:12 во корист на домаќинот.

Вториот дел започна со неколку брзи голови на двете страни, а во 37. минута по една одлична акција, Талески ја затресе мрежата на Небојша Симиќ за прво водство на „лавовите“. Тука падна и темпото кај играчите на Мелсунген чии грешки одлино беа казнувани од страна на противникот кој веќе обезбеди одлична предност и нова победа во Бундес лигата.

Штефан Фет беше најрасположен за игра стрелајќи осум гола. На другата страна Ласе Микелсен погоди шест. Рајн Некар Левен е третопласиран и со сигурност во следната сезона ќе се најде во Купот на ЕХФ. Пред Мелсунген е голема битка за влез во ова натпреварување бидејќи во врат му дишат Бергишер, Фуксе Берлин и Гепинген.