Раул: „7 на 6“ веќе не е изненадување

Вардар победи на сите три наптревари во регионалната СЕХА Лига и имаше одлична подготовка во пресрет на настапот во Лигата на шампионите, каде ќе ја брани титулата. По Металург и Горење, „црвено-црните“ славеа и над Брест Мешков со 31:23.

„Среќен сум дека  за победата против Брест, тие имаат олдичен тренер и одлични играчи. Ние бевме многу митовирани и секогаш ни е тешко да играме против нив. Не смеевме да се опуштаме, ако сакаме успех против Брест. Се согласувам со Бебешко дека нашата одбрана беше одлична и среќен сум што победуваме пред стартот на Лигата на шампионите и мислам дека сме спремни за настап.“ – вели Раул.

На овие натпревари од регионалната лига играат и Мартин Поповски, Тоше Ончев и Даниел Ѓорѓески.

„Против нас сите ќе бидат сезонава уште мотивирани да играат. Имаме многу натпревари низ сезоната и шанса ќе добијат сите ракометари. Тројцата млади играчи нема потреба да имаат притисок, но јас многу задоволен од нивниот ангажман треба само трпеливо да ја чекаат шансата за настап.“ – вели Раул.

По натпреварот со Металург ова е втор дуел по ред, кога Вардар игра одлично во одбраната против противникот кога има „7 на 6“.

„До пред дуелот со Металург не бевме навикнати да ја играме оваа одбрана, зошто никој не играше така, 7 на 6, сега се навикнавме се подготовиме. Како и против Металург, така и против Брест одигравме одлична одбрана против таков напад и погодивме неколку пати на празен гол.“ – заврши Раул.