Раул: Треба да бидеме подготвени на сè, никогаш не се знае како ќе одигра Целје

Згуснатиот распоред на играње натпревари во Лигата на шампионите и СЕХА лигата за Вардар завршува по гостувањето  викендов во Словенија, кај екипата на Целје. По тој меч следува мала пауза поради ЕХФ неделата резервирана за репрезентативните активности. „Црвено-црните” патуваат во Целје со добра серија од 11 натпревари во сите натпреварувања во новата сезона во кои освојуваат бодови, и како лидери на табелата во СЕХА  со пет победи по ред. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес очекува тежок меч.

„Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме нивниот мечот со Киелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Одбраната е интензивна со голем притисок. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за се, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Може и да имаат нови комбинации. Треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува.“ – изјави Раул Гонзалес.

Ова ќе биде втора сезона во која во СЕХА Лигата, Вардар ќе игра против Целје. Лани во 5 коло македонскиот првак триумфираше убедливо на гости со 40:29, а на реваншот во Скопје беше 33:31. Словенците лани не стигнаа до Ф4 турнирот, а Вардар по третпат го освои големиот пехар од ова регионално натпреварување.

Натпреварот меѓу Целје и Вардар се игра утре со почеток во 17:45 часот.