Раул се врти кон домашниот пазар – ПСЖ купува од Монпелје

Летната пауза е во тек за играчите, но луѓето во ПСЖ тоа не ги спречува да се подготвуваат за наредните сезони. Тие се уште не најдоа замена за Сагосен кој замина во Кил, бидејќи играчите за кои беа заинтересирани, Скубе од Вардар и Јоханесен од Флензбург ги продолжија договорите со своите клубови.

Според информациите на „Le parisien“  се чини дека ПСЖ најде соодветни засилувања за сезоната 2020/21. Метју Гребиј, левиот бек, кој игра и на лево крило, од тимот на Монпелје, ќе го напушти европскиот пампион од 2018 и ќе го носи дресот на „светците“. ПСЖ и Гребиј постигнале договор за тригодишна соработка од 2020 година.

Освен Гребиј, ПСЖ ќе се засили и со талентираниот 20-годишен лев бек на Ним, Елохим Пранди. Договорот на Пранди е со исто времетраење и за ист период од три години како и на Гребиј. Во шампионот на Франција можат да бидат задоволни од ждрепката за Лигата на шампионите каде што главен конкурент ќе им биде Барселона, а ги избегнаа останатите три учесници на Ф4. Но ќе мора многу повеќе да се засилат доколку сакаат сезонава да стигнат до трофејот во ЛШ.