Раул пред дуелот со Татран: Ние сме фаворити, но не смееме да се опуштаме

Екипата на Вардар денеска ќе има одмор после победата над Висла, а утре има нов дуел од СЕХА-лигата против Татран Прешов и тоа од 20:45 часот во Скопје.

„Оваа сезона Татран игра добро и имаат добра одбрана. Тоа го видовме на претходните натпревари. Имаат свој квалитет. Ние сега се вративме од Полска од меч од ЛШ. Играчите се малку уморни, денеска ќе имаат одмор, па утре ќе знаеме со кои играчи ќе играме. Мислам дека ние сме фаворити, но не треба да се опуштаме. Татран може секого да победи. Треба да играме добро во одбрана, ние сме на првото место на табелата и треба таму да останеме“, изјави тренерот Гонзалез.

Пивотот и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов очекува да продолжат да победуваат во СЕХА-лигата.

„Сезоната се одвива како што очекувавме,  три победи во СЕХА и едно во ЛШ. Се надевам така ќе продолжиме и против Татран. Тие покажаа дека знаат да бидат незгодни. Треба да покажеме зошто сме фаворити на теренот“, коментираше Стоилов.