Раул: Одбраната ја заврши целата работа

Вардар ја оствари петтата победа сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите со триумф кај Кристијанштад, 26:23. За Вардар ова е 11 натпревар во ЛШ по ред без пораз, а петта победа во дуелите со Кристијанштад во ЛШ. Шампионот останува на првото место во А групата со 11 бодови од шест натпревари. На прес конференцијата, тренерот на Вардар, вели дека одбраната била извонредна.

„Игравме добро во првото полувреме, и имавме водство од пет гола. Кристијанштад се млада екипа која игра брзо, и тоа го знаевме од почетокот. Малку послабо тргнавме во мечот, имавме негатива, но потоа работите си дојдоа на место. Нашата обрана беше извонредна и заврши многу работа.“ – изјави Раул.

Домашниот тренер Ола Линдгрен го пофали вардаровиот тим, за играта во одбрана и особено голманот Штербик.

„Одбраната на Вардар беше добра, Штербик одличен, Вардар играше силно и го видовме резултатот. Би сакал нешто да научиме од овие натпревари и не би сакал да останеме на дното на табелата. Се виде што значи да се има добар голман во тимот.“ – заврши Линдгрен.