Раул: КАТАСТРОФА!

Македонија ќе има тежок пат до нов пласман на континентален собир за две години. По победата над Турција, нашите репрезентативци доживеаја срамен пораз од Грција со 28-26, иако сите очекуваа лесна победа.

Селекторот Раул Гонзалес со еден збор ја опиша средбата.

„Бевме катастрофа. Не игравме добро ни во напад, ни во одбрана. Почнавме добро, Митревски бранеше одлично, но промашивме неколку зицери. Треба да знаеме дека тоа не е така лесно и противниците се силни, треба да имаме почит кон нив, да играме тимски. Миркуловски е многу важен играч во тимот, но кога него го нема, тогаш треба да играат другите. Јас мислам дека овде беа најдобрите играчи со кои во моментов располага Македонија. Кажете ми вие кој е подобар, а не е викнат“, изјави Раул.

Следниот натпревар Македонија ќе го игра во април на гостувањето во Рејкјавик на Исланд, а потоа остануваат домашните мечеви со истиот тим и со Грција, како и гостувањето кај Турција.