Раул задоволен од резултатот, Грбавац од играта: Изјави по натпреварот меѓу Вардар и Извиѓач

По натпревар во СЕХА лигата меѓу Вардар и Извиѓач, тренерите на двете екипи беа задоволни од прикажаното на овој дуел. Грбавац истакна дека играта и нивните можности ги исполниле до моменталниот максимум, но очекува во иднина неговиот млад состав да достигне повисоко ниво. Вардарци задоволни од резултатот пред натпреварите од Лигата на шампионите во недела, истакнаа дека одбраната во вториот дел им овозможила високо водство и победа.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Сакам да им честитам на Извиѓач, денес одиграа многу добар натпревар, иако има многу млади играчи. Во првото полувреме се потрудивме да одиграме добра одбрана, нешто недостасуваше и примивме дури 16 голови. Но во второто полувреме преминавме на одбрана 5-1, која се покажа како успешна и затоа користевме лесни голови преку контра-напад. Тука ја направивме високата предност. Добрата игра на гостите на крајот не се прикажа и преку резултатот.

Даниел Ѓоргески, голман на РК Вардар:

Одличен натпревар, сакам да им честитам на ракометарите на Извиѓач за добрата игра. Да му се заблагодарам на нашиот тренер за укажаната шанса, покрај големите голмански имиња што ги има Вардар и се надевам дека ако ми се укаже нова шанса ќе ја искористам и ќе се докажам.

Зденко Грбавац, тренер на РК Извиѓач:

Сакам да се заблагодарам за гостопримството, одигравме добар меч против Вардар, но не беше реално ниту очекувавме повеќе бидејќи Вардар сè уште е далечна дистанца за нас. Ние сме млада екипа, покажавме дека знаеме да играме ракомет, перспективни сме и тука сме да се испрофилираме. Жал ми е што не беше понеизвесен резултатот, но Вардар е институција, се надевам од натпревар на натпревар ќе го кренеме нивото на нашата игра.

Иван Ерес, голман на РК Извиѓач:

Тука дојдовме да покажеме добра игра, со целиот респект кон останатите екипи кои се фаворити. Во прво полувреме се држевме, но во второто тие го покажаа својот квалитет и затоа до крајот на натпреварот разликата е толкава.