Раул го скрати списокот: Чурлевски е новитетот во репрезентацијата | 24 РАКОМЕТ

Раул го скрати списокот: Чурлевски е новитетот во репрезентацијата

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Раул Гонзалез, го објави скратениот список од 20 ракометари повикани за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за ЕП 2020.

Освен средниот бек на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски, кој за првпат добива шанса меѓу сениорите со оглед на одличната форма во која игра, нема големи изненадувања на скратениот список на Раул.

Од поширокиот список ги нема Костадин Петров, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Филип Арсеновски, Милорад Кукоски и Мартин Манасков.

Првиот меч против Турција ќе се одигра во Битола, во салата „Боро Чурлевски“ на 25 октомври со почеток во 20:15 часот, додека вториот дуел против Грција ќе биде одигран во Кожани, на 28 октомври од 18:30 часот.

Собирот на ракометари е закажан за понеделник, на 22 октомври со почеток во 16:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.