Раул Гонзалес: Oчекувам победа против Брест која ќе биде исчекор кон Ф4 турнирот

Актуелниот освојувач на Сеха лигата, екипата на Вардар во сабота му гостува на финалистот од минатогодишната сезона, екипата на Брест Мешков. Брест е одлична екипа со доста искусни и квалитетни ракометари кои посебно на домашен терен се тежок противник за секоја екипа, па Вардар го очекува едно тешко гостување во Белорусија.

Во сабота не очекува тежок натпревар, бидејќи Мешков Брест е исклучително квалитетна екипа. Играат одлично на домашен терен, а оваа сезона имаат многу поквалитетна и воиграна екипа, со оглед на тоа што настапуваат и во Лигата на шампионите. Играат цврсто во одбраната, а имаат и одлични шутери. Тоа го докажаа и на последниот натпревар против Веспрем. Но, јас мислам дека тоа е добредојдено за нас, како одлична можност за воигрување на екипата пред натпреварот против унгарскиот шампион во елитното натпреварување. Очекувам нова победа за Вардар, со што би направиле голем исчекор кон Ф4 турнирот” – изјави за официјалниот сајт на клубот тренерот Раул Гонзалес.

Натпреварот помеѓу Брест Мешков и Вардар е на програмата на 08.11.2014 (сабота) од 18:00 часот.