Раул Гонзалес после новата победа: Моите играчи многу се потрудија

Вардар го совлада и Загреб во СЕХА-лигата и сега има пет од пет со што е на врвот од табелата со максимални 15 поени. „Црвено-црвените“ знаеја како да стигнат до нова победа така што продолжуваат на максимум во Регионалната лига.

„Одигравме добар натпревар после тешката средба во Лигата на шампионите. Моите играчи се потрудија многу.  Имавме добра игра во првото полувреме и игравме како што сакавме. Постигнавме и многу голови, а во финишот имавме и неколку контри со кои дојдовме до голема разлика.. Во вториот дел од средбата имавме многу проблеми. Загреб играше подобро и намали на четири гола разлика, но успеавме да го кренеме нивото и дојдовме до висока победа на крајот“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.