Раул Гонзалес: Металург е секогаш голем предизвик за Вардар!

Во пресрет на денешното македонско ракометно дерби овојпат во рамките на Сеха Лигата тренерот на Вардар за официјалниот сајт на РК Вардар ја даде следнава изјава:

Овој натпревар е од особена важност за нашата екипа, бидејќи сакаме да ја продолжиме победничката серија. Како и секогаш, и овојпат очекувам “македонското дерби” да биде исполнето со врвен ракомет. Металург е секогаш голем предизвик за Вардар, па така очекувам да биде и сега

И Немања Прибак е оптимист пред ова дерби:

Мечот доаѓа по одличните дуели во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека оваа пресметка нема да биде интересна. Ова е македонско дерби, на кое очекувам победа која ќе ја прославиме заеднички со нашите навивачи. И покрај проблемите со кои се соочи и заминувањето на еден дел од ракометарите, мислам дека Металург има квалитетен тим и не очекува уште еден неизвесен натпревар

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи, Вардар во СРЦ Кале го совлада Металург со 27:21.Натпреварот се игра во СЦ ” Борис Трајковски” со почеток во 20:15.