Раул Гонзалес: Имаме подеднакви шанси

На неполни два часа до првиот овосезонски дуел Раул Гонзалес, тренерот на Вардар со свое видување за финалниот натпревар на „Струга 2014“:

Задоволни сме од учеството на овој турнир и драго ни е што ќе играме во финале. Металург има добар тим, се надевам дека вечерва љубителите на ракометот ќе го наполнат игралиштето. Можеби ќе одиграме осум натпревара оваа сезона против Металург, но овој натпревар ќе биде поинаков. Почеток на сезоната, екипата е заедно 10-15 дена и не знам дали сеуште сме подготвени да победиме, шансите се подеднакви.