Раул Гонзалес: Доколку сакаме да оствариме позитивен резултат, мора да одиграме добро во секој поглед!

Пред клучниот натпревар за пласман на горниот дел од табелата во групата Ц, дуелот меѓу вице-шампионите на Македонија и Германија, Вардар ја одржа својата редовна прес-конференција.
Раул Гонзалес, тренер на Вардар:
Ќе биде тежок натпревар, бидејќи се соочуваме со лидерот во Бундеслигата,имаат добра одбрана и еден од најдобрите голмани на светот. Мора да играме добро во одбраната, бидејќи имаат одличен контра напад и добар напад. Против вакви екипи како Рајн Некар, Кил, мора да се игра секогаш максимално. Доколку сакаме да победиме мора да одиграме добро во секој поглед.
Сергеј Горбок ,ракометар на Вардар:
Рајн Некар е добра екипа и ќе биде тешко, но ние сме спремни и ги имаме “комитите” на наша страна, играме во наша сала се надевам на добар натпревар. Играв таму и знам дека ја играа секоја утакмица како последна. Подготвени сме, имаме добар тренер и сите сме како семејство, ќе биде тешко, но се надевам на добар натпревар.