Раул Гонзалес: Гостувањата против Борац во Бања Лука се незгодни за секоја екипа

Пред првото од двете врзани гостувања во СЕХА лигата, против Борац во Бања Лука, и тренерот на “црвено-црните” со свое видување за престојниот натпревар. По стартните две победи против Војводина и Металург, значајно е да се продолжи победничката серија иако се потенцира дека гостувањата во Бања Лука а посебно Веспрем ќе бидат многу тешки и екипата ќе мора да пружи максимум доколку сака да се врати со позитивен резултат.

Гостувањата против Борац Бања Лука се секогаш незгодни за било која екипа, па така очекувам да помине и Вардар. За нас ова е важен натпревар на кој што треба да покажеме зошто сме шампиони во СЕХА, но и дополнително да се воиграме за предизвиците што не очекуваат во Лигата на шампионите. Борац е квалитетен тим кој игра одлично на домашен терен и секогаш ги тера противниците да го дадат максимумот, а таквата игра нас ни одговара, бидејќи сакаме квалитетни натпревари пред првиот настап во ЛШ

Натпреварот Борац-Вардар на програмата е утре во 20:00 часот.