Раул внимателен пред Загреб: Улогата на фаворити да ја покажеме на терен

После натпреварот против Барселона и победата од 27:24, утре ракометарите на Вардар се среќаваат со екипата на ППД Загреб во СЕХА-лигата. Следува дуел во кој Вардар влага како фаворит и тука не се очекува ништо друго освен победа за составот кој сезонава игра во одлична форма.

„Ни следува натпреварот со ППД Загреб во СЕХА-лигата. Претходниот наш во Лигата на шампионите дуел мина со висок интензитет од двете екипи. Ако се сеќавате ние немавме добар почеток и тие водеа со 3-4 разлика. Можеби ние повторно сме фаворити за победа, но тоа мораме да го потврдиме и на терен. Треба да бидеме добро подготвени, а имаме и проблеми со некои повредени играчи. Знаеме дека ова ќе биде навистина тежок натпревар“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Средбата се игра утре од 17:30 часот.