Раул: Ако сакаме пласман на Ф4, мора да победуваме на секој меч

Во пресрет на македонското дерби во СЕХА лигата меѓу Металург и Вардар, кое ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, очекувањата во македонскиот шампион се добра игра и победа над тимот предводен од Лино Червар.

„Очекувам да играме добро на утрешниот натпревар. Секогаш кога се игра против Металург има многу публика на трибините. Металург има многу млади играчи сега кои сакаат да се докажуваат. Сметам дека ние сме подобри, и одиме чекор по чекор, и сакаме да се воиграме уште подобро. Утре треба да играме добро, зашто ако сакаме да играме на Ф4 мораме да победиме и сега и на следните натпревари. Стојанче Стоилов покрај што е казнет исто така е повреден, на некои повреди се жалат Рожерио и Македа, но за дефинитивниот состав ќе знаме утре пред натпревар.“ – изјави тренерот на вардарци, Раул Гонзалес.