Ратко Николиќ го напушти Борац

Поранешниот капитен на српската репрезентација, Ратко Николиќ, ги напушти редовите на тимот на Борац Бања Лука. Искусниот пикер, кој своевремено го носеше дресот и на Вардар, а во Бања Лука мина три сезони, не најде заеднички јазик со ракводоството на клубот за продолжувањена соработката.

Николиќ, кој покрај во Вардар, играше и за Црвена Ѕвезда, Синтелон, Портланд Сан Антонио и Алтеа, наводно е прескап за Борац, кој сезонава нема да игра во СЕХА Лигата, туку само во домашниот шампионат.

Нема се уште информации каде Николиќ ќе ја продолжи кариерата и дали воопшто ќе продолжи да игра со оглед на тоа што веќе има 39 години.