Растворцев официјално претставен во Војводина (ФОТО)

Како што веќе објави 24Ракомет, рускиот бек го официјализираше договорот со српскиот шампион. Ракометниот клуб Војводина и официјално го промовираше Алексеј Растворцев како свое најново засилување. Директорот на клубот, Дарко Јевтиќ не го криеше задоволството од ангажманот на рускиот интернационалец.

АЛЕКСЕЈ РАСТВОРЦЕВ:

Јасно ми е дека доаѓам во голем клуб. Брзо се договоривме со управата на Војводина. Иако имам 37 години, посакувам нови предизвици. Ќе настапуваме во Лигата на шампиони и СЕХА лигата која ми е позната бидејки долго време поминав во РК Вардар. Соиграчите ги познавам од теренот кога се натпреварувавме за спротивни клубови, но сега сме на иста страна. Ќе дадам сè од себе во иднина Војводина да освојува трофеи и да постигнува уште подобри резултати. Едвај чекам да заиграм за својот нов клуб.

rastvorcev 1

ДАРКО ЈЕВТИЌ (ДИРЕКТОР НА ВОЈВОДИНА):

Можам да кажам дека сум многу позадоволен сега отколку пред година дена, ова време. Тврдам дека сега имаме многу посилен тим. Донесовме ракометари кои можат да играат на позициите 3 и 4 во одбраната, имаме поширок ростер и повеќе решенија во нападот. И доколку не донесеме уште некој ракометар во овој преоден рок, јас сум презадоволен.

Покрај Растворцев, Војводина ги ангажираше и пикерот Горан Тркуља кој пристигна од шпанска Бидасоа, десното крило Александар Гуглета од Раднички Крагуевац како и левиот бек Милан Вучковиќ кој пристигна од Пожаревац.