Расмус Лауге нема среќа, ќе го пропушти и СП во Франција

Најмалерозниот дански репрезентативец во последните неколку години Расмус Лауге Шмит нема да се врати во националниот тим за настапот на Светското првенство во Франција, кое ќе се одржи на стартот на следната година, па така ќе пропушти уште едно големо натпреварување во долгата низа.

25-годишниот ракометар на Фленсбург имаше повреда на менискусот на левото колено, но сепак нема да брза со камбекот на терените.

„Рехабилитацијата оди добро. За еден месец, ќе почнам да тренирам заедно со моите соиграчи, но ќе чекам зелено светло од докторите за камбекот на терен. Настап на СП во моментов не е реално да се очекува и не размислувам за тоа.“ – изјави Лауге.

Тој поради повреда ги пропушти Олимписките Игри во Рио, каде Данска го освои златниот медал.

Фото: politiken.dk