Ракчевиќ: Борозан и Липовина имаа храброст да го кажат тоа што јас го зборував пред десет години

Долгогодишниот црногорски репрезентативец и поранешен ракометар на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ, не е дел од националниот тим подолго време. Црна Гора под водство на Драган Ѓукиќ обезбеди пласман на ЕП во Хрватска, но се уште е нејасно дали Ракчевиќ ќе го гледаме на континенталниот шампионат. Тој се осврна на неодамнешната афера во репрезентација, кога малку недостасуваше Црна Гора да остане без најдобрите играчи.

„Добро е што неодамна се случи таа ситуација со Вуко Борозан и со Владан Липовина. Тие имаа храброст да го кажат сето она што ја го зборував пред десет години, а поради кое денес не сум во репрезентацијата. Се што очекував беше само пријателски пристап на одговорните, да имаме нормални услови, а со тоа не мислам ниту на дневници, ниту на патни трошоци, ниту на премии. Мислев дека тие луѓе треба да бидат наш сервис, а не на крајот да се поставуваат како репрер колку се сака татковината. Поради тоа мислам дека е добро што Липовина и Борозан истапија, за луѓето да бидат свесни дека постои проблем. Меѓутоа, кога јас зборував за тоа, бев единка и не можев сам да се борам. Но гледам дека сега е направен добар чекор напред. Заминувањето на Љубомир Обрадовиќ, е поволен момент, бидејќи тој не покажа ништо. Потоа дојде Драган Ѓукиќ, кој е фин, културен и образуван човек со искуство. Успеа да ги сложи коцките во националниот тим. И затоа сега мислам дека репрезентацијата може до врвни резултати. Не беше случајност, тоа што се пласиравме на ЕП, навистина поседуваме квалитет.“ – вели Ракчевиќ.

Црна Гора е во група со Македонија, Словенија и Германија на Европското првенство кое во јануари следната година ќе се одржи во Хрватска.