Ракоцеа го менува Борозан во Вардар следната сезона?!

Екипата на Вардар во следната сезона ќе направи нов „ремонт“ во тимот во однос на некои од позициите, а на лев бек веќе се најавува доаѓање на играч на Висла Плоцк. Репрезентативецот на Романија, Дан Ракоцеа би требало да пристигне во текот на летото откако е јасно дека неговата договор со Висла Плоцк завршува, a сè поизвесно е дека нема да се пресели во тимот на Веспрем.

Ракоцеа е играч кој има 23 години и кој е висок 202 сантиметри. Игра на позицијата лев бек и тој би требало да биде поддршка за Дисингер и за Горбок во новата сезона. Ракоцеа играше за репрезентацијата на Романија против Македонија во баражот за Светското првенство во Германија и во Данска. На средбата во Скопје постигна шест, а на реваншот во Романија три гола.

За трансферот на Ракоцеа во Вардар се зборува веќе некое време, но сега стигна потврда и од Романија. Според информациите на националниот телевизиски сервис тој треба да се пресели меѓу „црвено-црните“ и да биде играч кој ќе донесе поголема конкуренција и квалитет на позицијата лев бек со што во новата сезона ростерот ќе добие сосема нов лик.

Останува секако да се види дали и ракометарот на Чеховски медведи, Дмитри Санталов ќе дојде исто така во Вардар со што бековската линија би добила уште еден млад играч кој ќе може да напредува во играта, а „црвено-црните“ би имале повеќе избор на шутери во новата сезоната.