Ракомет на плажа: Струга на меѓународен турнир во Грција

Своевремено Македонија имаше и репрезентација во ракомет на плажа, но сега само ракометниот клуб Струга се обидува да го извлече овој атрактивен спорт од маргините. Стружани и ова лето со своја екипа ќе бидат дел од регионалните турнири во ракомет на плажа.

Клубот кој постои од 2003 по една година пауза повторно ќе учествува на регионален турнир „Олимпија Ривиера“ во Катeрини, Грција, по што ќе се следуваат настапи на други турнири во регионот.

Ракометарите под водство на Сашо Србиновски се подготвуваа на крајбрежјето на Охридското езеро, на терените на ракометното игралиште, како и „Женска плажа“. Во текот на денешниот ден, ракометарите ќе одиграат три натпревари, сите против домашни екипи.

Распоред на натпревари:

10:20, Струга – Киклоп Александропулос
14:20, Струга – Анекси
17;40, Струга – Драма

Во зависност од резултатите по групната фаза, во текот на утрешниот ден ќе се играат и натпреварите за пласман.