„Ракомет за сите“ по петти пат ги отвора вратите за млади ракометари и тренери!

Од 20-ти до 26-ти јуни во Кладово, Србија по петти пат ќе се одржи единствениот камп за тренери и млади ракометари над 21 години наречен „Ракомет за сите“ (“Handball 4 All”). Во претходните четири изданија учествувале многу ракометни професионалци од сите страни на светот, а поради уникатноста и квалитетот на предавачите секоја година привлекува се повеќе млади ракометари и ракометни експерти.
И оваа сезона кампот ќе го водат врвни светски тренери: Антонио Карлос Ортега, актуелен тренер на унгарскиот првак во машка категорија Веспрем и Драган Аџиќ, селектор на Црна Гора и тренер на ЖРК Будуќност актуелен шампион на Црна Гора во женска категорија и главниот фаворит за освојување на Лигата на шапионките.
Покрај двајцата трофејни тренери, кампот ќе го збогатат и Александру Булиган, тренер на голманите, Александру Аксинте, професор на универзитетот во Баку, кондициски тренер и тренер на универзитетската селекција на Романија, Клаус Филдман, истакнат предавач на ИХФ, основач на ракометната академија во Германија и Марко Мрак од Словенија кој ќе биде задолжен за кондицискиот дел.
Кампот е наменет за млади ракометари од 18 до 23 години, како и за млади ракометни експерти-тренери. Во шест денови и три програми учесниците ќе ги збогатат своите знаења на кондициски и тактички план, со посебна програма за голмани.
Како увертира за она што ќе следува на крајот на јуни е најавено гостувањето на еден од најдобрите балкански стратези, тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ како специјален гостин на кампот.
HANDBALL FOR ALL 2015-2