Ракометот на песок се враќа на сцена: Србиновски ќе биде селектор, Андреева и Танески дел од стручниот штаб

Ракометот на плажа повторно се враќа на сцената. На седницата на УО на РФМ, беше промовиран старо-новиот селектор Сале Србиновски.

Тој ги предложи поранешниот ракометар на Струга и  Југ, како и активен ракометар во ракометот на песок, Наум Танески и некогашната голманка Тања Андреева, за дел од стручниот штаб.

Србиновски најави дел од програмата за подготовките за настапот на Европското првенство во Полска. Сите ракометарки и ракометари што ќе настапат, ќе бидат дел од македонскиот шампионат.

Критериумите по кои ќе се одбираат, барем за оваа година ќе бидат височината, скочност, техника, како и брзина, која е неопходна во овој спорт.

Европското првенство ќе биде одржано во Старе Јаблонки, во Полска од 2 до 7 јули, а списоците на играчи ќе бидат објавени кон крајот на овој месец.