Ракометот му е во крвта: Дневно пешачи по 40 километри само за да тренира!

Приказната за младиот ракометар Сифет Хајдиќ е приказна за голема љубов, труд, волја и упорност. Тој е член на Маглај и доаѓа на тренинзи секој ден, но за да пристигне во салата дневно мора да оди пешки од неговото село Оруче. Претходно на тренинг го носел неговиот татко, но поради работата, тоа повеќе не може да го прави, а бидејќи е време на распуст, нема ниту автобуска линија од неговото село до Маглај. Тоа не го спречува да биде секогаш меѓу првите на тренинг. Хајдиќ се занимава со ракомет веќе 6 години.

„Мојот тогашен наставник по физичко ме забележа како играм ракомет и ми предложи да дојдам на тренинг. Кога се појавив на првиот тренинг, се случи „љубов на прв поглед“ и не се откажувам сите овие години. Мојот татко ми е голема поддршка, секогаш ме носеше на тренинг од моето село до Маглај, ме чекаше додека трае тренингот и се враќавме назад. Никогаш тоа не му беше тешко да го прави.“ – вели Хајдиќ.

Пред стартот на сезоната, ракометарите на Маглај, имаат по два тренинзи дневно, па Хајдиќ мора да пешачи повеќе од 40 километри.

„Кога нешто се сака, не е тешко. Јас едноставно не би можел да си го замислам животот без ракомет. На сите жртви и откажувања сум спремен. По тренинзите никогаш не одморам, бидејќи има помагам на родителите во земјоделските работи.“ – вели Хајдиќ.

Секој труд некогаш ќе се исплати, ниеден успех не доаѓа лесно. Затоа млади, тренирајте вредно и ќе дојдат вашите пет минути.