РАКОМЕТНИОТ “ЏИН“ ДОАЃА ОД ЕГИПЕТ! (ВИДЕО)

Највисокиот ракометар во светот настапува за Египет. Фати Хамад настапува на позицијата пивот, висок е неверојатни 2 метри и 25цм и го имаше своето деби за репрезентацијата на Египет на Африканските игри. Дефанзивната линија на репрезентацијата на Конго ја имаше можноста прва да се опроба против овој феномен, а од видеото подоле може да видиме дека буквално цел тим виси на грбот на Фати Хамад. Интересен момент во светот на ракометот. Да потсетиме дека и СЕХА лигата има свој “Џин“ во името на Кристопанс кој настапува во екипата на Мешков Брест но тој со своите 2 метра и 15 см е цели 10 см помал од Египетското „чудо“.

EGIPET
Вистински горостас во ракометниот свет- Хамад Фати