Ракометна сабота во Битола: Женскиот тим на Пелистер на контрола против Филотас

Женската екипа на Пелистер ќе го збогати одличниот ракометен викенд во Битола и денеска од 20:15 часот ќе одигра пријателски натпревар со тимот Филотас ПАС од Грција. Со оглед на тоа што нема суперлигашки ракомет кај дамите поради учеството на репрезентацијата на турнир во Грција ова е шансата да се одржува формата и да се има напредок.

Токму поради тоа битолчанки си најдоа спаринг-партнер, па со Филотас ќе ги одмерат силите и ќе одат по добар резултат.

Како што е познато денеска од 16 часот во салата „Младост“ први на терен излагаат Еурофарм Работник против Охрид 2013 во дербито на колото, а потоа од 18:30 играат Пелистер и Металург 2. Дамите ќе бидат последни на програмата со што само уште повеќе ќе го разубават ракометниот ден во Битола.

 

Фото: фејсбук