Ракометната федерација на Унгарија ќе ги лиценцира агентите на играчите и тренерите

Ракометната федерација на Унгарија одлучи да застане на страната на играчите и да им помогне во регулирањето на нивната соработка со агентите. За да се намалат проблемите коишто се појавуваат отсега агентите коишто соработуваат со ракометарите што настапуваат во Унгарија ќе мораат да добијат лиценца за работа.

Целта на сето ова е да биде регулирана работата на агентите на играчите и тренерите. Тие ќе мораат да си купат лиценца која ќе трае две години, а ќе изнесува 9600 евра. Терминот за поднесување на првата апликација е до 31 октомври. Оние што задоцниле со пријавувањето ќе немаат право за работа до следниот термин кој ќе биде постојано од 1 до 30 јуни. Во овој месец и ќе се обновуваат лиценците така што ќе бидат внесени строги правила.

Агентите ќе немаат право на работа до завршувањето на целата процедура за регистрација. Исто така ќе немаат право на работа и доколку задоцнат за обновување на истата. Покрај тоа постои регулирање и на сумата која што агентите ќе може да ја добиваат од играчите.

Доколку се работи за ракометар тогаш таа не смее да надминува 10 проценти од платата, додека кај дамите е пет проценти. Има многу ситни детали коишто ќе треба агентите добро да ги проучат пред да почнат да работат во Унгарија бидејќи можат да заработат големи казни, а најголемата изнесува дури околу 160.000 евра.