Ракометната магија на Уве Генсхајмер од еден поинаков агол (ВИДЕО)

Левото крило на Рајн Некар Ловен и германската репрезентација, Уве Генсхајмер е едно од најдобрите Топ 3 крила на светот. Широкиот спектар на маестрални удари кои ги поседува овој ракометар не ги остава рамнодушни љубителите на ракометот ширум светот. Минатата година на натпреварите на Вардар против Рајн Некар Ловен имавме можност да уживаме во мајсториите на Генсхајмер, а истото не очекува и оваа година бидејки германскиот состав повторно се наоѓа во иста група со македонскиот шампион. На видеото подоле погледнете како изгледа ракометната елеганција на германскиот репрезентативец од еден поинаков агол.