Ракометар на Металург ќе игра на младинското Светско првенство во Шпанија

Машката младинска репрезентација на Македонија нема да биде дел од Мундијалот за ракометари до 21 години, што ова лето ќе се одржи во Шпанија.

Сепак, еден ракометар кој игра во нашата Суперлига, ќе биде дел од собирот на најквалитетните млади ракометари во светот.

Во Виго и Понтеведра ќе игра средниот бек на Металург, Лука Стојановиќ, кој е повикан од селекторот Борис Ројевиќ за настап за селекцијата на Србија.

Српските младинци во првата фаза од подготовките ќе одиграат две контролни средби со селекцијата на Унгарија.

На СП, Србија е во групата А со Шпанија, Словенија, Тунис, Јапонија и САД.