РАКОМЕТАРКИТЕ НА ЖРК ВАРДАР БЕА ГОСТИ ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН“

Ракометарките на ЖРК Вардар им приредија пријатно изнедадување на учениците во средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“. Како еден вид рекламна кампања пред важниот дуел против Митјиланд во недела, црвено-црните девојки се дружеа, фотографираа и ги поканија учениците да присуствуваат на натпреварот, каде ќе им ја дадат потребната подршка на патот кон важната победа против данскиот состав.
vardarki 1Покрај оваа посета, на 31.10.2015 (сабота)од 12:30 часот во Сити Мол е закажана нова дружба со ракометните ѕвезди, на која секој фан ќе ја има можноста да купи производи од фан шопот на Вардар со 20% попуст.

vardarki 2

vararki 3

Натпреварот ЖРК Вардар-Митјиланд е на програмата во недела со почеток во 15 часот и 15 минути во СЦ „Јане Сандански“.