Ракометарките издржаа 40 минути, Македонија поразена од Германија

Иако се најавуваше доминантна игра на германската репрезентација и лесен и убедлив увод во Европското првенство во Хрватска и Унгарија, сепак храбрите македонки на големо изненадување на ракометниот свет поведоа со неверојатни 5-0 по првите 12 минути и најавија неизвесен меч во СРЦ „Кале“.
DSC_0424
Серијата ја започна Деспотовска, а во 13-тата минута ја прекина најдобрата поединка на теренот, новата членка на шампионскиот состав на Ѓер, Сузан Милер. Меѓутоа агонијата за германките не застана тука, со конфузни и предвидливи напади кои завршуваа со шут над средината на одбраната, брзоплети контри и полу контри и одличниот ден на Зафирова ја доведоа Макеоднија во водство по првите 30 минути од 11-9.
DSC_0450
По полувремето за прв пат на натпреварот во игра влегоа искусниот пивот Ања Алтхаус и младата и талентирана Миневскаја, двете ракометарки кои заедно со одличните одбрани на Волтеринг и ја донесоа победата на Германија. Со влегувањето на Алтхаус одбраната доби на цврстина и искуство кое беше нерешлив проблем за недисциплинираните удари на македоската репрезентација најчесто од неизграденаи позиции, прочитани од голманот на Будуќност, Клара  Волтеринг.
DSC_0425
Миневскаја го најави пресвртот во 32 минута со израмнувачкиот гол за 11-11, но македонската репрезентација не се откажа од изненадување. Илкова  и Деспотовска повторно ја вратија Макеодонија на два разлика се до 45-тата минута кога со голот на Милер Германија израмни на 15-15. Од 45-та минута и голот на Запф за пресврт на натпреварот, гостинките целосно ја контролираа играта на теренот, а расположената Миневскаја само долеваше масло на огнот.Македоските репрезентативки застанаа и ја почувствуваа физичката надмоќност на германките кои со голот на Милер направија недостижни три голови предност на пет минути пред крај.
DSC_0482
Кога веќе беше јасно кој ќе ги земе двата бода Миневскаја со перфектен скок шут ги постави највисоките четири голови предност 18-22, по што следуваше задоцнета реакција на македонските ракометарки кои со мини серија од 2-0 ги поставија конечните 21-23.
DSC_0471