Ракометарките во Турција ја брусат формата за квалификациите за ЕП

Утрово ракометарките коишто се дел од сениорската репрезентација на Македонија заминаа за Турција каде што од утре до недела ќе одиграат три контролни натпревари во рамки на подготовките за двата дуела од квалификациите за ЕП 2018.

Македонија не е во најсилниот состав бидејќи неколку ракометарки викендов имаат обврски кон своите клубови и не се во можност да пристигнат навреме и да играат на контролите. Затоа Симовски смета на 17 девојки, а списокот ќе биде дополнет до 23 ракометарки в понеделник кога стартуваат подготовките за дуелот против Шведска на 28 септември и Србија на 1 октомври.

Во Турција вечерва ќе биде одржан и првиот тренинг, а утре е првиот дуел против селекцијата на Турција. Тој меч би требало да се одигра од 9:30 часот по македонско време.

В сабота следува дуел против Турција Б, а мечот стартува од 10 часот и в недела од 18 часот е натпреварот против Италија.

Ова ќе бидат трите контроли кои треба да покажат на кои ракометари Симовски може да смета за двата дуела од квалификациите за Европското првенство.