Раичевиќ е новиот капитен на Будуќност

Откако Радмила Петровиќ реши да ја стави на „стенд бај“ ракометната кариера, тимот на Будуќност мораше да избере нов капитен. Изборот падна на ракометарката која цели 16 години е членка на поранешниот европски првак, Милена Раичевиќ.

Раичевиќ е позната како ракометарка кој на секој меч игра со максимумот од своите можности, па може да се каже дека капитенската лента оди во вистински раце. Таа не крие дека и претставува голема чест што ќе биде предводник на тимот, каде своевремено капитенската лента ја носеле и ракометарки како Маја Булатовиќ, Бојана Поповиќ, Марија Јовановиќ, Клара Волтеринг.

„Чест ми е што ја добив довербата на стручниот штаб и на клубот во кој сум 16 години. Ќе дадам се од себе да ја оправдам. Цел живот му го посветив на еден клуб и сигурно дека ова признание многу ми значи.“ – изјави Раичевиќ.