Раздрманиот Охрид на мегдан кај непредвидливиот Металург 2

Натпреварот од 5 коло во Суперлигата, кој беше одложен поради настапот на Охрид во ЕХФ Купот, ќе се одигра денеска. Непредвидливиот состав на Металург 2, ќе го пречка раздрманиот состав на Горан Андоновски, кој среде решавачки битки за плеј-оф остана без еден од главните играчи.

Јосип Кежиќ веќе е минато за Охрид, го нема ниту повредениот Марко Кобетиќ, па тимот што ја претставуваше Македонија во Европа, ќе биде на големи маки против Даниловски, Палевски, Серафимов, Шилегов, Танкоски, Арсеновски, Димитриоски, Лазаревски…Сепак, не е познато кои од овие момци ќе бидат во составот кој официјално се уште нема најдено замена за Никола Матлиески.

Во Охрид ќе се чека на ударите од Младеновски, Бирдахиќ и Адамовиќ од бековските позиции, а на крилните позиции стандардно товарот ќе го понесат Андоновски и Блажески. Доколку Благојче Трајкоски има своја вечер, тогаш гостите немаат потреба да се плашат околу исходот. Сепак, репрезентативната пауза, малку тренинзи, измени во ростерот, може да значат дека вечерва во Автокоманда ќе гледаме изедначен и до крај неизвесен меч.

Почетокот е во 19:30 часот.