Радосна вест за „црвено-црните“ фанови: Пуштени дополнителни 500 билети за мечот со Барселона

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона пуштени се во продажба дополнителни 500 билети.

Истите се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Цената на билетите се 150 денари.

Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а во меѓувреме македонскиот шампион ќе одигра уште две средби, една во СЕХА и една во ЛШ.

Во регионалната конкуренција в среда се среќаваат со хрватскиот Нексе Нашице, додека викендов ќе го одиграат и натпреварот од ЛШ против белорускиот Мешков Брест.