Радовиш, Тинекс Пролет и Прилеп обезбедија учество во македонскиот плеј-оф!

Ракометарите на Радовиш се вториот тим кој се пласираше во плеј-оф завршницата од македонското првенство. Радовишани во клучниот последен натпревар од регуларната сезона, во директна борба со Металург 2 во Автокоманда извојуваа победа за прв пласман во елиминациската фаза од првенството.
Металург 2 – Радовиш 25:35 (10:19)
Гостите ја обезбедија победата уште во првиот дел од натпреварот кој го добија со 10-19, во продолжение во мирна завршница го приведоа натпреварот кон посакуваниот крај. Деветте погодоци на Маркудов не беа доволни да се избегна четвртиот пораз за Металург 2 во низа. Најпрецизен во екипата на Радовиш беше Спасков со пет погодоци.


РК Преспа – РК Тинекс Пролет 18:32
Третата екипа која го продолжува престојот во најквалитетната лига во Македонија е Тинекс Пролет. Во одличен натпревар од последното коло, на гостувањето во Ресен, Тинекс Пролет ја совлада екипата на Преспа со резултат 18-32.


РК Прилеп – РК Пелистер 28-24 (14-11)
На ракометарите на Прилеп по минатонеделниот пораз од Тинекс Пролет им беше потребна победа или нерешен резултат за пласман меѓу најдобрите шест екипи во македонското првенство. Пред својата публика во Прилеп со победа од 28-24 обезбеди пласман во македонскиот плеј-оф.


Плеј-оф табелата во македонското првенство покрај Прилеп, Тинекс Пролет, Радовиш и Зомимак-М ќе ја заокружат Металург и Вардар, двете екипи кои настапуваа во СЕХА Гаспром лигата.