Радовиш со убедлива победа над Работнички

Ракометарите на Радовиш по ремито со Еурофарм Работник во минатото коло, се вратија на победничките патеки и остварија лесна победа над составот на Работнички со 33:21, во натпреварот од 8 коло на Супер лигата.

На стартот беше само 1:1, а потоа играше само еден тим и домашните брзо направија висока разлика, која до крајот на полувремето стигна до плус 11, 16:5. Во вториот дел предноста достигна до +14(20:6), за потоа шанса да добијат сите ракометари од клупата на домашната екипа. До крајот се играше само формално, а мечот заврши со 33:21.

Во отсуство на Левов, за кого заврши сезоната, домашниот тим беше предводен од Милосављевиќ и Постолов со по 6 голови, а Долдуров и Спасов дадоа по 5. Во составот на Работнички се истакна Гајиќ со 5, додека Димовски даде 4.

Фото: rkradovis.mk