Радовиш против Прилеп во битка за суперлигашки опстанок

Тимовите на Радовиш и на Прилеп имаат дуел на кој ќе се обидат да дојдат до триумф со цел да имаат што подобро бодовно салдо во трката за опстанок до крајот од сезоната. Домашниот терен би требало да биде предност за радовишани, а прилепчани со млади сили ќе имаат тешко гостување.

Ова е дуел кој прилепчани може да ги постави во добра позиција, но ќе мораат да бидат максимално концентрирани и да одат на сè или ништо. Со победа доаѓаат на два бода и до крајот ќе се борат за бегство од позицијата која води во бараж, додека во спротивно со пораз нема да имаат веќе големи изгледи да се искачат позиција повисоко.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

СТРУГА – БОРЕЦ              41:23

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД         26:36

САБОТА, 27 АПРИЛ

14:00ч

РАДОВИШ – ПРИЛЕП

Сала: 25 мај во Радовиш. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Охрид 42 бода (505:349); 2. Струга 37 (456:356); 3. Вардар јуниор 21 (413:414); 4. Радовиш 18 (462:436, -1 меч); 5. Прилеп 13 (354:420, – 1 меч); 6. Борец 0 (353:568).