Радовиш почна со подготовки, засилувањата ќе се приклучат од понеделник

Тимот на Радовиш, кој во претстојната сезона ќе влезе со амбиции за пласман во плеј-офот, ги започна подготовките.

Цела седмица избраниците на Љупче Мијалов работеа во Радовиш, а веќе од понеделник ќе им се приклучат и дел од засилувањата.

Радовишани работеа некомплетни без Илиев, Паунов и Органџиев кои добија продолжен одмор, а првата седмица од подготовките не ја минаа ниту засилувањата Николов, Везенковски и Ѓорѓиески.

Од ланската екипа замина само црногорскиот интернационалец Божидар Симиќ, а претходно во текот на сезонатаа си отидоа и пивотот Лука Бујиќ и бекот Стефан Колоски.