Радовиш немаше проблеми против Прилеп

Тимот на Радовиш без проблеми го совлада составот на Прилеп со убедливи 43-34 во натпреварот од 5 коло во плеј-аутот во Суперлигата.

Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога домашните водеа со 25-10, а во вториот дел тренерот Мијалов им даде шанса на помладите ракометари, но тоа сепак не се почувстува во играта.

Најдобри стрелци кај радовишани беа Илиев со 12 голови, како и Симиќ и Ристов кои погодија по девет пати. Кај прилепчани се истакна Трајкоски со девет погодоци.

Радовиш веќе го имаат обезбедно опстанокот, а Прилеп најверојатно ќе мора да игра бараж.