Радовиш го испрати Борец во Прва лига со уште еден катастрофален пораз

Во последното коло Радовиш на домашен терен беше подобар од Борец кој сезонава е убедливо најслабиот состав во Супер лигата. На крајот Радовиш победи со огромни 25 гола разлика 47:22.

Борец сезоната ја заврши со 20 порази во исто толку натпревари и сосема заслужено се сели во Првата лига. Радовиш беше пресилен за гостинскиот состав, веднаш од почетокот го водеше натпреварот кон убедлива победа. На полувреме имаа предност 24:9.

Второто полувреме за Радовиш беше лесен тренинг и поправање на гол разликата. За нешто повеќе од 24 часа против последно пласираните две екипи Прилеп и Борец, Радовиш постигна вкупно 101 гол на двата меча. Тие на најдобар начин ја завршија тешката сезона на крајот на четвртото место во плеј-аутот во Супер лигата.

Најефикасен на натпреварот беше Филип Трајанов од Радовиш со десет постигнати гола, а Јован Ѓорѓиев постигна девет. Во екиипата на Борец најмногу гола постигна Јован Атанасовски со вкупно десет погодоци.