Радовиш го задржа Органџиев

Откако ги обнови договорите со најискусните ракометари во тимот – Паунов, Ѓорѓиев, Илиев, Билиќ и Долдуров, раководството на Радовиш ќе задржи уште еден играч од минатата сезона.

Станува збор за левиот бек Ангелче Органџиев, кој среде сезона дојде во Радовиш од составот на Прилеп и ја оправда довербата.

Велешанецот, кој освен за Борец, играше и за Вардар Јуниор, го продолжи договорот за уште една сезона.

Покрај продолжувањето на договорите со ракометарите од минатата година, Радовиш го донесе и првото засилување, искусниот пивотмен Пеце Ѓорѓиески.

Фото: radovisnews.mk