Радовиш го врати Постолов

Тимот на Радовиш во новата сезона од Суперлигата ќе има солиден состав. Стратегот Љупче Мијалов за разлика од претходните сезони, ќе има на располагање поширок.

По засилувањата Везенковски, Николов и Ѓорѓиески, повратник во екипата е левиот бек Здравко Постолов, кој минатата сезона играше за Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода.

Претходно договорите ги продолжија Паунов, Илиев, Долдуров, Ѓорѓиев, Билиќ и Органџиев, а од младинскиот тим беа префрлени Ѓорѓиев и Јованов.