Радовиш во финишот го скрши отпорот на Прилеп

Ракометарите на Радовиш стигнаа до победа на домашен терен со 26:22 над тимот на Прилеп, во меч од 5 коло на Супер лигата, откако со серија од 8:2 во финишот на мечот го „поништија“ гостинското водство.

На стартот на мечот се играше гол за гол беше 2:2, 3:3, 4:4, а домашните беа тие што први направија повисока предност од еден гол и поведоа со 6:4, па 8:5, бепе и 10:7, а полувремето го завршија со водство од 15:12.

Гостите не мислеа да се откажат од борбата за позитивен резултат на овој меч, па во вториот дел го преземаа водството во своја корист 17:15 со серија од пет голови на Бозароски, Петкоски и Ѓорѓиоски, а водеа и со 20:18 на 12 минути до крајот на мечот.

Домашните преку Милан Левов, Кире Мачавелов и Александар Долдуров направија голема серија од 7:1 и поведоа со 25:21, па веќе немаше назад за Прилеп. До крајот уште по еден гол на двете страни за конечни 26:22.

Најдобар во домашните редови беше Левов со 10 голови, а Борче Соколов даде 5, додека кај Прилеп се истакна Бозароски со 8 и Ѓорѓисоки со 6 голови.

Фото: rkradovis.mk