Радовиш атакува на плеј-оф, донесе три засилувања

Составот на Радовиш иако лани играше во плеј-аут, сезонава со зголемени амбиции ќе настапува во Суперлигата. Откако беше задржан костурот на тимот, со исклучок на десниот бек Игор Милосављевиќ, радовишани донесоа две странски и едно домашно засилување.

Станува збор за црногорските интернационалци, левото крило Мирко Мајиќ и довчерашниот ракометар на Вардар Јуниор, Божидар Симиќ, како и десното крило Оливер Пешевски, кој доаѓа од штипски Текстилец.

Во тимот ќе бидат и повратниците, пикерот Стефан Чизмовиќ, како и десниот бек Милан Левов, кој се враќа на терен по суспензијата. Останаа и левиот бек Борче Соколов и искусниот Славјан Паунов, кои со останатите членови на тимот сочинуваат еден хомоген тим, што ќе биде тврд орев за сите останати.