Радовишани се лидери во Супер машката лига

Радовишани се единствените кои после две кола имаат максимален број на поени, а двете победи ги забележаа со минимален резултат. Прво го совладаа Пелистер дома со 25:24, а денеска и Вардар јуниор со 20:19 со што само покажаа дека мора сериозно да се смета на нив во битката за едно од првите четири места.

Со оглед на тоа што во секое коло има по еден слободен тим допрва ќе се види како ќе изгледаат резултатите, а со тоа и пласманот на табелата.